Отворен Повик

 
 

Handcrafted:mk е новоснована платформа за поддршка при започнување на мали бизниси чијашто основа е рачната изработка.

 

Платформата е во постојана потрага по иновативни и современи дизајнерски идеи што би можеле да прераснат во сериозен бизнис што нуди конкуретен производ на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар.

Така, таа ќе промовира и застапува производи од брендовите учесници преку саемски учества,  он-лајн продажба, „поп ап“ продавници, изложби и презентации на македонската и меѓународната сцена.

Платформата ќе организира обуки, предавања, работилници, натпревари, конкурси и менторства во соработка со професионалци во полето на современиот дизајн и експерти од бизнис заедницата, што ќе ги охрабри и подготви учесниците за претриемништво и лансирање на сопствен бренд.

 

 
hc2.jpg
 

Поддршка и менторство

  • Поддршка и водство при создавање на првата пилот колекција
  • Финансика помош за основни материјали за пилот колекција
  • Менторство од експерт во полето на дизајн Александар Ношпал (моден дизајнер и костимограф), Лидија Георгиева (моден дизајнер и професор на ТМФ-Скопје) и Моника Лозановска (дизајнер на накит и филигран)

Работилници

  • Изработка на бизнис план и менаџмент — водена од Александар Ношпал и Драган Христов
  • Брендирање, визуелен идентитет и маркетинг — водена од Милан Стојанов (креативен директор во Publicis)
  • Пристап до финансии и обезбедување на основни средства за почеток на активност во креативните индустрии — Бојана Стојменовска (раководител на Саемот на современа уметност Паратисима Скопје)

Соработка

  • Редовни состаноци со тимот и менторите при развивање на колекцијата
  • Групна изложба „handcrafted:mk 2018“
  • Помош при понатамошни учества на саеми, изложби и маркети во земјава и странство.
  • Поврзување со соодветна индустрија во Р. Македонија со цел развој на брендот.
 
 

Повикот за првото издание е завршен.

 
 
social.png

Резултатите за шестмината селектирани учесници за првото издание е објавен на сајтот handrafted.mk на 1-ви мај 2018. Избраните учесници ќе се обврзат со договор да ги следат сите работилници, состаноци и да ја изработат пилот колекцијата до 15-ти август 2018г.

 

За да може да ја прифатиме Вашата апликација за handcrafted:mk 2018 потребно е:

  • Пополнет формулар 
  • Кратка биографија/портфолио во дигитален формат и
  • Видео презентација на идејата за старт-ап — пратени преку wetransfer на info@handcrafted.mk (потребно е кратко видео од 1 мин. (со телефон) на неутрална основа каде јасно ја претставувате Вашата идеја за старт ап што се базира на рачни изработки).