Дизајнери

 
 

Со внимателнa селекција на исклучиво природни материјали и посветување до најситни детали, Lumo е плод кој настанува од љубовта кон дрвото како материјал и страста кон добриот минималистички дизајн.
Сите Lumo продукти се рачно изработени со традиционални техники за обработка на дрво, со што се нагласува суштината на дрвото како материјал.

 
 
 

МиаБотаника е бренд за визуелно стимулирачки рачно сликани лед светилки.
Како стимулатор за развивање на визуелните сензори кај децата од најрана возраст, колоритното светло што проектира разни форми и бои на белата ѕидна површина е одлично средство за нивниот когнитивен развој и додаток во детската соба.

 
 

Милениум е бренд на младата графичка дизајнерка Ирина Чабуковска, која дизајнира за потрEбите на младата генерација Z. Овој пат ќе се претстави со пилот колекција рачно цртани маички и торби, надевајќи се на успех кај нејзините врсници од градот.

 
 

Брендот Маша се залага за враќање на духот на текстилната уметност пред индустриската револуција. Базиран на движењето slow fashion и fiber art, ги вклучува вредностите на рачната изработка на текстил, ткаењето, плетењето, боењето и рачниот печат. 
Пилот колекцијата ќе содржи рачно ткаени ташни од срма и тул, техника што истовремено спојува два занаети во Македонија - ткаењето и срмаџискиот занает. По долготрајно истражување за срмаџиството, Машиде Љочи, која стои зад брендот, ги трансформира овие техники во современ луксузен производ.

 
 
 

Млад моден дизајнер со фокус на рачно работени модни додатоци и модни парчиња, преку употреба на природни материјали, како и користење на рециклирани остатоци од природна кожа. Инспирацијата ја наоЃа во најразлични форми низ секојдневните активности како и голем дел од геометриските фигури. Ориентирана на рачна изработка на чанти од природна кожа, со необичен футуристички изглед. Традицијата во нејзината фамилија низ последните 150 години е само дел кој ја следи во гените, a нејзината желба кон модата се развлекува низ генерациите.

 
 

GAMARO е лична приказна за естетика создадена во чест на очувот на дизјанерката зад брендот, Бојана Божиновска. Во негово сеќавање живее идејата за чист и елегантен дизајн со скулптурни форми што му даваат на овој бренд моќен и истовремено деликатен карактер.