платформа за поддршка на дизајнерски старт ап идеи

За Нас

 
 

Handcrafted:Mk

Платформа во постојана потрага по иновативни и современи дизајнерски идеи што би можеле да прераснат во сериозен бизнис што нуди конкуретен производ на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар. Започнете сопствен бизнис чијашто основа е рачната изработка.

 

 
hc3.jpg

Основачи

 
 
БОЈАНА СТОЈМЕНОВСКА   — Раководител на Саемот на современа ументост Паратисима Скопје     Бојана Стојменовска е комуниколог, претседател на Здружението за поддршка и промоција на културата Континео 2020, Скопје и  раководител на Саемот на современа уметност Паратисима Скопје. Меѓународното искуство во менаџмент на културни активности во Македонија и странство го стекнува преку соработки со реномирани организаци и институции, основајќи го во 2012 првиот саем на современа уметност во Македонија кој брои повеќе од 450 учества на уметници и креативци кои потекнуваат од 39 земји.

БОЈАНА СТОЈМЕНОВСКА

— Раководител на Саемот на современа ументост Паратисима Скопје

 

Бојана Стојменовска е комуниколог, претседател на Здружението за поддршка и промоција на културата Континео 2020, Скопје и  раководител на Саемот на современа уметност Паратисима Скопје. Меѓународното искуство во менаџмент на културни активности во Македонија и странство го стекнува преку соработки со реномирани организаци и институции, основајќи го во 2012 првиот саем на современа уметност во Македонија кој брои повеќе од 450 учества на уметници и креативци кои потекнуваат од 39 земји.

 
ДРАГАН ХРИСТОВ   — Сопственик на модната етикета Лудус     Лудус е експериментална модна линија што годишно лансира две колекции на унисекс облека изработена од 100% природни материјали во мали изданија. Лудус има учествувано на престижни модни изложби, саеми и фестивали во Македонија, Италија, Бугарија, Словенија, Полска, Австрија, Чешка и Холандија. Покрај ова, Драган Христов се занимава со организирање на привремени продавници, поп-ап настани на кои комерцијално изложуваат голем број на дизајнери и креативци од Македонија и регионот. Повеќе инфо на  ludus.com.mk .

ДРАГАН ХРИСТОВ

— Сопственик на модната етикета Лудус

 

Лудус е експериментална модна линија што годишно лансира две колекции на унисекс облека изработена од 100% природни материјали во мали изданија. Лудус има учествувано на престижни модни изложби, саеми и фестивали во Македонија, Италија, Бугарија, Словенија, Полска, Австрија, Чешка и Холандија. Покрај ова, Драган Христов се занимава со организирање на привремени продавници, поп-ап настани на кои комерцијално изложуваат голем број на дизајнери и креативци од Македонија и регионот. Повеќе инфо на ludus.com.mk.

 
black.png
 

Ментори

 
 
ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА   — дизајнер и професор на ТМФ - Скопје     После 21 година работно искуство и студии во Париз, Лидија Георгиева, моментално живее и работи во Скопје. Има освоено Европска награда за дизајн, а потоа работеше за реномирани модни куќи  во Париз, вклучувајќи ги Рошас и Балман. Својот бренд го лансираше во Париз кон крајот на 90-тите. Комплетни податоци  за брендот, на нејзиниот вебсајт  lidiyageorgieva.com

ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА

— дизајнер и професор на ТМФ - Скопје

 

После 21 година работно искуство и студии во Париз, Лидија Георгиева, моментално живее и работи во Скопје. Има освоено Европска награда за дизајн, а потоа работеше за реномирани модни куќи  во Париз, вклучувајќи ги Рошас и Балман. Својот бренд го лансираше во Париз кон крајот на 90-тите. Комплетни податоци  за брендот, на нејзиниот вебсајт lidiyageorgieva.com

 
АЛЕКСАНДАР НОШПАЛ   —моден дизајнер и костимограф     Александар Ношпал се стекнува со диплома моден дизајнер/моделар на престижната ЕСМОД во Париз, освојувајќи ја првата награда на Големото стручно жири составено од Пако Рабан и Жан Шарл де Кастелбажак. Завршува постипломски студии по менаџмент и маркетинг на Универзитетот за креативни уметности во Лондон. Има работено за престижни модни куќи (Гре во Париз, Ателје Метисаж, Фредерик Моленак,Тетекс, Систина, Кара). Бил и професор по моден дизајн и костимографија во земјата и надвор (ФОН, Универзитет Доња Горица/УДГ, Црна Гора). Автор е на над 50 костимографски дела на драми, балети и опери кај нас (МОБ МНТ, Театар за деца и младинци, Драмски театар Скопје, Театар комедија) како и во странство (Операта во Лајпциг, Театарот во Сент Гален, Швајцарија, ХНК Загреб, ХНК Ријека, ХНК Сплит, Градско позориште Подгорица). Добитник е на повеќе интернационални и домашни Гран При награди за костимографија и сценографијата.

АЛЕКСАНДАР НОШПАЛ

—моден дизајнер и костимограф

 

Александар Ношпал се стекнува со диплома моден дизајнер/моделар на престижната ЕСМОД во Париз, освојувајќи ја првата награда на Големото стручно жири составено од Пако Рабан и Жан Шарл де Кастелбажак. Завршува постипломски студии по менаџмент и маркетинг на Универзитетот за креативни уметности во Лондон. Има работено за престижни модни куќи (Гре во Париз, Ателје Метисаж, Фредерик Моленак,Тетекс, Систина, Кара). Бил и професор по моден дизајн и костимографија во земјата и надвор (ФОН, Универзитет Доња Горица/УДГ, Црна Гора). Автор е на над 50 костимографски дела на драми, балети и опери кај нас (МОБ МНТ, Театар за деца и младинци, Драмски театар Скопје, Театар комедија) како и во странство (Операта во Лајпциг, Театарот во Сент Гален, Швајцарија, ХНК Загреб, ХНК Ријека, ХНК Сплит, Градско позориште Подгорица). Добитник е на повеќе интернационални и домашни Гран При награди за костимографија и сценографијата.

 
МОНИКА ЛОЗАНОВСКА   — дизајнер на накит     Моника Лозановска дипломирала на школата за дизајн на современ накит „Алкимија“ во Фиренца и потоа на „Школата за уметности и занаети“ во Барселона. Применувајки ги стекнатите вештини во изработката на традиционалната техника филигранистика основа филигранска асоцијација и  го започнува сопствениот бренд за современ накит Еклектика, а нејзиното атеље се наоѓа во старата чаршија на Скопје.

МОНИКА ЛОЗАНОВСКА

— дизајнер на накит

 

Моника Лозановска дипломирала на школата за дизајн на современ накит „Алкимија“ во Фиренца и потоа на „Школата за уметности и занаети“ во Барселона. Применувајки ги стекнатите вештини во изработката на традиционалната техника филигранистика основа филигранска асоцијација и  го започнува сопствениот бренд за современ накит Еклектика, а нејзиното атеље се наоѓа во старата чаршија на Скопје.