платформа за поддршка на дизајнерски старт ап идеи
 

Handcrafted:mk е катализаторска платформа за поддршка на дизајнерски "Start UP" идеи.

 
 

Handcrafted:mk е новоснована платформа за поддршка при започнување на мали бизниси чијашто основа е рачната изработка. Се обраќа на дизајнери од сите возрасти и образовни позадини кои сакаат да започнат сопствен бизнис што ги вклучува македонските традиционални занаети.

Платформата е во постојана потрага по иновативни и современи дизајнерски идеи што би можеле да прераснат во сериозен бизнис што нуди конкуретен производ на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар.

Така, таа ќе промовира и застапува производи од брендовите учесници преку саемски учества,  он-лајн продажба, „поп ап“ продавници, изложби и презентации на македонската и меѓународната сцена.

 

 
 

отворениот повик за првото издание е завршен.

Следете не' за да дознаете повеќе за нашите следни изданија.

 
 

 

Платформата ќе организира обуки, предавања, работилници, натпревари, конкурси и менторства во соработка со професионалци во полето на современиот дизајн и експерти од бизнис заедницата, што ќе ги охрабри и подготви учесниците за претриемништво и лансирање на сопствен бренд.

 

 

 

 

 
Платформата е поддржана од Министерството за економија преку повикот за  кофинансирање на проекти за развој и промоција на занаетчиство во Република Македонија.

Платформата е поддржана од Министерството за економија преку повикот за кофинансирање на проекти за развој и промоција на занаетчиство во Република Македонија.

bg-black.png